


Подрачното училиште Жилче се наоѓа 2 km оддалечено од ООУ Шемшово. Тука наставата се одвива на македонски наставен јазик и тоа од прво д о девветто одделение. Во нижите паралелки наставата се одвива во две комбинирани паралелки и една чиста и тоа: III, (I-IV), (II-V). Од светската банка се изградени и две нови училници со што проблемот со училишен простор е решен. Во учебната 2008/2009 година со помош на Владата е изграден повеќенаменски асфалтиран спортски терен, опремен со сите потребни реквизити. Исто така има и кабинет по информатика
Ова подрачно училиште се наоѓа на релација Шемшово - Лешок и е оддалечено од централното училиште 5.7 km.
Наставата се одвива македонски наставен јазик и тоа во две комбинирани паралелки (III, IV)(I-V).
Училиштето располага со две училници и една наставничка канцеларија. Во ова училиште се заменети подовите и прозорите на училиштето. Училиштето е слабо опремено со нагледни средства иако за вакво нешто е побарано од владата. Располага со 4 компјутери кои се во функција.




Подрачното училиште во село Сиричино се наоѓа во релација Шемшово - Желино и е оддалечено од централното училиште 2km. Наставата се одвива на македонски наставен јазик и тоа во две комбинирани паралелки I,II,III-IV, V одделение. Што се однесува до самата зграда таа ги задоволува сите потреби. Напоменвам дека учениците од VI-IX одделение своето образование го продолжваат во с. Жилче
Ова подрачно училиште се наоѓа на релација Шемшово - Јегуновце и е оддалечено 2.1 km од централното. Наставата се изведва на македонски и на албански јазик. Поради мал број на ученици наставата се одвива во комбинирани паралелки (I-IV-V)(II-III). училишната зграда располага со три училници, кујна и др.посебни простории. Реконстрирана е стазата од главниот пат со бекатон плочки. Наставата се одвива во прва смена поради што наставничките патуваат од Скопје.
Подрачното училиште во с. Туденце се наоѓа на релација Шемшово-Прељубиште-Копанце и е одаалечено 4.7 km од централното училиште. Наставата се одвива на македонски наставен јазик. Училиштето располага со две училници во кои оваа учебна година се сменети подовите. Наставата се одвива во една смена од 07:30 часот. И тоа во две комбинирани паралелки (I-IV), (II-III-V). Во ова училиште има двајца наставници и еден технички персонал
Ова подрачно училиште е едно од најоддалечените од централното училиште и тоа 7.9 km. Наставата се одвива на албански и на македонски наставен јазик. Наставата се изведува во две смени и тоа првата смена од 07:30 часот и втората од 13:00 часот. Поради мал број на ученици наставата на македонски јазик се одвива во комбинирани паралелки (II-III-IV), (I-V), додека наставата на албански јазик се одвива III-V и три чисти паралелки и тоа I, II IV



